Претседателката Сиљановска – Давкова на аудиенција кај папата Лав 14
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска, во рамки на посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители, имаше аудиенција кај папата Лав 14., јави известувачот на МИА.
По завршувањето на аудиенција, претседателката Сиљановска – Давкова во Апостолската библиотека на Папата му ги претстави членовите на македонската државно-црковна делегација, каде што разменија и пригодни подароци.
Во оваа прилика, претседателката Сиљановска – Давкова на папата Лав 14. му подари Длабока резба со мотив „Гроздови“.
Резбата е во изработка од дабово дрво, со мотиви од овошје и животни кои ги краселе македонските манастири и цркви, како и побогатите македонски куќи. Познати се многу копаничарски дела чии резби красат многу од црквите и надвор од Македонија. Мотивот со гроздови ја претставува лозата на животот и симболика за животна обнова и врска помеѓу религијата и луѓето преку виното (крвта на Исус).
По аудиенцијата, претседателката Сиљановска – Давкова имаше средба со државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин.
Средбата траеше околу 40 минути, а заврши со меѓусебна размена на подароци.
Подарокот за кардиналот Паролин беше Златна ритуална маска, која е дел од раскошните предмети, користени како прекривка на телото, во практиката на погребниот култ. Локалните владетели - пајонските војводи, од VI век п.н.е., ја изградиле оваа некропола на Требенишкото Кале. Тоа беше периодот пред државата да ја обедини најмоќната династија Аргедовите, првата династија на Македонското Кралство.
По средбите во Ватикан, предвидена е изјава на претседателката Сиљановска – Давкова, по што таа веднаш заминува на средба со претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела.
Ново на Сител
-
Мицкоски - Орбан: Стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива со уште поголема динамика
-
Физички нападнат 51-годишник од две лица по претходна случена сообраќајна несреќа
-
Украдено товарно возило на АРМ пронајдено во Кисела Вода
-
Две лица пукале кон 36-годишник од с.Грчец, се здобил со повреди во ногата од огнено оружје
-
Фондот за здравство работи на формирање тимови за рехабилитација на повредените во Кочани
-
Бугарското Собрание усвои резолуција во врска со напредокот на земјава во ЕУ
-
140 луѓе во тетовската болница не зеле плата 2 месеца
-
Град во источна Германија нуди 14 дена бесплатен престој и можности за работа