Македонија
3. November 2026 - 10:13

Претседателката Сиљановска-Давкова во Брисел на Самит за проширување на ЕУ во организација на Euronews

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Брисел ќе учествува на Самитот за проширување на Европската Унија 2026, во организација на Euronews, на кој ќе присуствуваат високи европски и регионални политички претставници.

Во фокусот на самитот ќе бидат процесот на проширување на ЕУ, европската интеграција на земјите кандидати, регионалната соработка и предизвиците со кои се соочува Унијата во однос на приемот на нови членки.

Сиљановска-Давкова ќе оствари средби со генералниот секретар на НАТО Марк Руте и со врховниот командант за Европа (SACEUR) генералот Алексус Грегори Гринкевич во Врховниот штаб на сојузничките сили во Европа (SHAPE) во Монс, а предвидени се средби и со претставници на европските институции.