Претседателот на грчкото здружение на пожарникари: Годинава е една од најлошите, имаме 13 загинати

Годинава имаме 13 загинати. Уште колкумина загинати треба да види Мицотакис за да сфати дека нешто не е во ред со нашето министерство?, посочи, со солзи во очите, претседателот на грчкото здружение на пожарникари Константинос Папандонис, по денешната несреќа во која двајца припадници на противпожарната служба ги загубија животите при уривање на дел од напуштен објект за време на гаснење пожар во атинска населба, јави дописничката на МИА од Атина.
Папандонис упати остри критики и обвинувања за состојбата во противпожарната служба, нагласувајќи дека нивните проблеми многупати ги покренале на средбите со грчкиот премиер, но и дека личната заштитна опрема на пожарникарите не е заменета веќе шест години.
– Оваа година е една од најлошите. Со Мицотакис се сретнавме 13 пати му кажавме дека Противпожарната служба се распаѓа, а тој гледа нашиот министер да се занимава со тоа дали некој офицер добил унапредување или со тоа како свечено да ги пушти во употреба противпожарните возила. Луѓето се бесни, немаме персонал, немаме возила, немаме униформи, посочи претседателот на здружението.
Во однос на несреќата што се случи денеска во населбата Зефири во северозападниот дел на Атина, објасни дека според она што му го пренеле неговите колеги, пожарникарите се заглавиле во подрумот „полн со ѓубре и зафатен од пожар“, откако се урнале скалите по кои сакале да се симнат во подрумот.
Додаде дека просторот бил многу мал и не можеле повторно да излезат, бидејќи сè било зафатено од пожарот.
Пожарот, како што претходно објави МИА, избувна кусо по 11.30 часот, ангажирани беа 20 пожарникари со шест противпожарни возила, а за време на гаснењето дошло до уривање на дел од внатрешната конструкција на објектот, при што тројца пожарникари останале заглавени.
Следуваше акција за нивно пронаоѓање, при што еден повреден бил пренесен во болница, а беа извлечени безживотните тела на останатите двајца.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Спасе Јанев, директор на Здравствен дом „Железничар“
-

Насилникот нема да смее да се врати дома 48 часа – ако ја прекрши забраната, следува кривична пријава
-

Потребно е поголемо охрабрување на жените од руралните средини да го пријавуваат насилството
-

Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија ќе бидат заокружени до декември
-

Охрабрувачки бројки за премиерот, разочарувачки за опозицијата
-

Политичките партии бараат одговорност за Алта банка
-

На Светскиот ден на дијабетесот пациентите бараат сензори за сите лица со Тип 1 и превенција од компликации
-

Поради ниската откупна цена на пченицата драстично намалување на површините за есенската сеидба
