Македонија
15. March 2022 - 16:30

Превозниците не потпишуваат договори, учениците од Конче се уште без превоз

66 средношколци од општина Конче остануваат без превоз и не одат на настава и покрај тоа што има доделено лиценци за линиски превоз.  

Проблемот се јавил откако превозниците одбиле да ги потпишат договорите со средното училиште Коста Сусинов во Радовиш со образложение дека утврдените цени им се неисплатливи.  

Овој став им бил соопштен и на директорот на училиштето, и на градоначалникот на општина Конче Златко Ристов. Градоначалникот вели тие ги завршиле сите обврски за надминување на проблемот, а после 13 години направиле и корекција на цената за линиски превоз со покачување од 30%.

За овој проблем реагираа и од Сојузот на средношколци. Од таму апелираат за негово решение со најава дека за ова ќе биде известен и народниот правобранител.