-->
-->
При претрес во Ѓорче пронајдена дрога, приведено 19-годишно момче
-->

На 09.11.2026 во 18:40 часот на пешачка патека покрај реката Вардар на подраќје на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го лишија од слобода Ф.С.(19) од Скопје затоа што при извршен преглед над него била пронајдена и одземена марихуана.
Подоцна, со судска наредба и во координација со Одделот за криминалистичка полиција при МВР, извршен е претрес во домот и други простории на Ф.С., при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и пари.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче: Во кое својство Мицкоски преговара за продажба на Алта Банка?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев нека кажат дали стоеле зад внесот на 110 милиони евра „испрани“ пари од Венецуела
-

Македонија на прво место во сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
-

Неопходно е поголемо спознавање на сопствената историја
-

Преглед на вестите од светот
-

ДУИ обвинува за јазична дискриминација, ИЈЗ тврди дека нема неправилности
-

Тема на денот со Кирил Миноски, поранешен министер за финансии
-

Мицкоски: Алта банка ќе биде спасена, следниот месец оди на аукција за продажба
