При претрес во велешко пронајдена дрога, приведени две лица | ФОТО
Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес вчера лишиле две лица од Скопје, откако при претрес во куќа во село Карабуниште, велешко, биле пронајдени повеќе кофи и вреќи со марихуана, машина за обработка на стебла и пиштол.
Лицата, како што информира МВР, се задржани во полициска станица и известен е јавен обвинител, а по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
-На 27.09.2025 во 18:00 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишија од слобода Г.Л.(46) и Г.Д.(39), двајцата од Скопје. По претходно добиени сознанија, а врз основа на наредба од Основен суд Велес, извршен е претрес викенд куќа и помошни простории во атар на село Карабуниште, велешко, кои ги користи Г.Л.. При претресот, во близина на викенд куќата се затекнати Г.Л. и Г.Д. како од нива откопуваат стебла од растението канабис, а пронајдени се и повеќе кофи и вреќи со марихуана, машина за обработка на стебла канабис и пиштол, се вели во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
Филипче: Граѓаните живеат се потешко
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
На полноќ почнува изборната кампања
-
Партиите најавуваат демократски процес
-
Петмина средношколци завршија на штипско инфективно поради труење со храна од сендвичара
-
Колку пациенти по скринингот во Трубарево биле на дополнителни прегледи на Пулмологија?
-
Осветен храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје
-
Вандализиран муралот на Мајка Тереза