Прифатено и второто обвиниение за Васев
Скопскиот кривичен суд го прифати и второто обвинение против поранешниот медицински директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев и тогашниот организациски директор, Нехат Нухи.
Тие се товарат за злоупотреба на службената положба, измама во службата и проневера, со што, според Обвинителството, нанеле штета на државниот буџет во износ од над 2,6 милијарди денари.
Според обвинението, без основ набавувале скапи онколошки лекови, дел од нив фиктивно ги раздолжувале, а други ги присвојувале.
Со незаконските постапки за јавни набавки, обвинеттите создале лажни обврски за кои Фондот за здравствено осигурување одобрувал условен буџет, убеден дека се работи за реални трошоци.
Инаку, Нино Васев веќе седи на обвинителна клупа по претходно поднесено обвинение, а на почетокот на судскиот процес неговата одбрана го оспори вештачењето изработено во Словенија. Според бранителите, експертизата е невалидна бидејќи ја изработило лице што не се наоѓа на листата на судски вештаци.
Ново на Сител
-
Се реконструира гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово
-
Почна најголемиот спортски настан во историјата на Македонија, странците воодушевени од организацијата
-
Зајкова: Ќе лобираме кај нашите европски партнери
-
Охрид го живее шпицот на сезоната
-
Високите температури ја полнат струмичка брза помош
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет