Принцот Ендрју со претставка до полицијата поради неговото апсење во врска со Епстин

Поранешниот британски принц Ендрју Маунтбатен-Виндзор, кој беше приведен пред осум месеци со големо медиумско внимание, побара од Судот да се утврди дали постапувањето на полициските службеници кон него било законско, објави денеска британски „Телеграф“.
Тој, имено, поднел барање за судска проверка во врска со налозите за претрес што ѝ овозможија на полицијата да изврши претрес во неговиот дом на имотот Сандрингем и во неговата поранешна резиденција, „Ројал лоџ“ во Виндзор. Ова е првпат некој член на кралското семејство да ја оспорува законитоста на кривичната постапка против него уште од судењето на Чарлс Први во 1649 година. Според наводите, подоцна оваа недела во Високиот суд ќе се одржи рочиште зад затворени врати за да се одлучи за обелоденување на одредени судски документи поврзани со оваа судска проверка.
Поранешниот принц беше уапсен во февруари на имотот „Марш фарм“ во Норфолк – на неговиот 66. роденден, по објавувањето материјали од досиејата на Епстин, коишто укажуваат дека тој можеби споделувал чувствителни информации со американскиот сексуален престапник Џефри Епстин додека ја извршувал функцијата трговски претставник на Обединетото Кралство од 2001 до 2011 година.
МИА
Ново на Сител
-

Одбележување на Светската недела на вселената
-

Заврши уште едно успешно издание на ендуро трката во Делчево со рекорден број учесници и публика
-

Седници ќе одржат собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната
-

Србија/Избори 2026 - Измина рокот за доставување изборни листи
-

Жесус: Роналдo кoгa сaкa можe дa ce врaти вo репрезентацијатa
-

Сензација во АБА лигата – ФМП ја победи Црвена Звезда
-

Стартни победи за Пелистер, Кожув и Работнички
-

„Безбеден град“ со вештачка интелигенција ќе регистрира возење без кацига
