Притвор од 30 дена за Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“

На 4 ноември 2026 година, судијата за претходна постапка при Вишиот суд во Белград - Посебно одделение за организиран криминал, им одреди притвор до 30 дена на обвинетите Давор Мацура, Г.М. и И.П.
Притворот е одреден поради опасност од влијание врз сведоци и повторување на кривичното дело.
Дополнително, за Мацура постои и опасност од бегство.
На Мацура му се става на товар злоупотреба на положбата на одговорно лице, додека Г.М. и И.П. се осомничени за помагање во извршувањето на истото кривично дело.
Против одлуката може да се поднесе жалба во рок од три дена од нејзиниот прием.
Според претходното соопштение на обвинителството, постои сомневање дека Мацура, до 31 октомври, ги пречекорил своите овластувања и неовластено изнесувал пари од трезорот на „Алта банка“, стекнувајќи противправна имотна корист од околу 45 милијарди динари.
Според сомневањата на обвинителството, Г.М. и И.П., како лица задолжени за ракување со вредностите во трезорот, му овозможиле пристап преку предавање картички или користење на сопствените картички и лично присуство.
По налог на обвинителството, на 31 октомври и 1 ноември биле извршени претреси во просториите на „Алта банка“ и во домот на Мацура, како и попис на готовината во банкарскиот трезор.
Ново на Сител
-

ДУИ ја слави Брвеница, владејачките партнери си ја префрлаат вината
-

Сиљановска-Давкова со честитка до Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците
-

Законот за координација на безбедносните служби пред матичната комисија
-

Поскапуваат горивата
-

Четврти потврден случај со морбили во Македонија – Се проверува дали се поврзани
-

Нова метода за Паркинсонова болест
-

СДСМ со интерпелација за Славески
-

Јотова победи на претседателските избори во Бугарија
