-->
-->
Приведен 27-годишник од Гостивар за кражба на електричен тротинет
-->
На 16.07.2025 во 20.30 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.М.(27) од Гостивар. Тој се сомничи дека на 07.07.2025 сторил кривично дело „кражба“ на електричен тротинет, сопственост на 31-годишна жена од Гостивар.
Украдениот тротинет бил пронајден и вратен на сопственичката, а А.М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп објави трговски договор со Јапонија, вклучувајќи царини од 15 проценти
-
Руските сили го нападнаа Криви Рих, погодени неколку места, избувнаа пожари
-
Спречен уште еден обид за подметнување шумски пожар, вели Ангелов
-
Скопскиот водовод со намален притисок и прекини на вода, апел за рационално користење
-
Пет активни пожари утрово во земјата
-
Во Собранието амандманска расправа за законите за внатрешни работи и за полиција
-
Во Русија се блокирани повеќе од 50.000 веб-страници, соопшти руски министер
-
Дневните температури над 40 степени, Владата со препораки за топлото време