Македонија
5. February 2026 - 10:58

Приведен 34-годишник од Гостивар, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога | ФОТО

На 05.02.2026 во 01:20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Б.Б. (34) од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори‘‘.

Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории, сопственост на Б.Б. и при претресот, тој доброволно предал кутија во која имало марихуана. Б.Б. е задржан во ПС Гостивар и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.