Македонија
26. September 2025 - 11:24

Приведен 39-годишен германец на ГП Табановце, кај него е најдена дрога

Лишен од слобода германски државјанин на Граничен премин Табановце, кај него е пронајдена бела прашкаста материја

На 25.09.2025 околу 12:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Т.М.С.(39) од Сојузна Република Германија. При гранични проверки и контрола во возилото фолксваген пасат“ со германска национална ознака, кое го управувал, во неговиот личен багаж е пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.