Приведен 45-годишник, ја вознемирувал и навредувал поранешната партнерка
Кавадарчанец бил лишен од слобода по пријава за вознемирување и навредување на поранешната партнерка, информираа денеска од Сектор за внатрешни работи Велес.
- Синоќа во 18:15 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци, го лишија од слобода Б.Н., на возраст од 45 години, по претходна пријава од 38-годишна кавадарчанка. Според пријавеното, Б.Н., со кого пријавителката претходно била во врска, ја вознемирувал и ја навредувал, појаснија од СВР - Велес.
Оттаму додадоа дека по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Како што претходно информираа од СВР Велес за МИА, на цело подрачје на СВР Велес, во текот на 2024 година вкупно се добиени 446 пријави за семејно насилство, од кои 118 пријави за кривични дела, 6 пријави за нарушен јавен ред и мир и 322 пријави за поплаки.
Ново на Сител
-
Мирен марш за поддршка на Епископот Партениј
-
МПЦ-ОА одбележа 1700 години од првиот собор во Никеја
-
Бања од римски период откриена во приватен двор во струмичко Баница
-
Салите во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп отворени и оспособени за одржување на настани, актерите бараат нов театар
-
Кинеските инфраструктури и нивното влијание
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари