Македонија
21. August 2025 - 11:29

Приведен 47-годишник од Виница, при претрес на неговиот дом пронајдени се дрога и дигитална вага

На 21.08.2025 во 02:50 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Г.Н.(47) од Виница. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. 

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.