Приведен 66-годишен кичевец, во домот пронајдени оружје и муниција

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, вчера во 16:15 часот, во селото Горно Душогубица, кичевско, го лишиле од слобода Г.С. (66) од Кичево, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.
Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом и помошни простории во селото, спроведен со судска наредба од Основен суд Кичево, биле пронајдени и одземени ловечки карабин „Маузер“ калибар 7,9 мм, ловечка пушка „Застава“ М75 калибар 12 мм, пиштол „Застава“ М57 калибар 7,62 мм со празна рамка, 23 ловечки патрони, 18 куршуми за пиштол калибар 7,62 мм, 10 куршуми за карабин 9 мм, како и други предмети.
Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
МИА
Ново на Сител
-

За Стафа 15 месеци затвор - за Ристов обвинение
-

Судење за оддавање службени тајни, објавена комуникација меѓу обвинетите
-

Обвинетиот Јовановски физички ја нападнал сопругата пред таа да се самоубие, тврди дека бил испровоциран
-

Филипче со писмо до Брисел против Мицкоски
-

Владата ги следи цените: Засега нема вештачки поскапувања
-

Сопственикот на Алта банка го шири бизнисот – купува 5 фирми во Србија
-

Лица со хемофилија без терапија а донација стои во магацин 1 месец
-

Примирјето во Либан стапи во сила
