-->
-->
Приведен беровчанец поради превоз на огревно дрво без соодветна документација
-->
Полициски службеници од ОВР Виница вчера го лишиле од слобода Б.К.(26) од беровското село Двориште затоа што при контрола е констатирано дека врши превоз на огревно дрво без соодветна документација.
Како што соопшти МВР, акциската контрола на полицијата од ОВР Виница, во содејство со Шумска полициска станица Виница, била вчера околу 16.20 часот на регионален пат на место викано „Пекланска крстосница“.
Б.К. управувал товарно возило со беровски регистарски ознаки.
МВР најави дека по целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Камен-темелник на нова фабрика на „Чагатај Кабло“, ќе се отворат 200 нови работни места
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Преглед на вестите од светот
-
Се одложи стартот за судењето за Онкологија
-
Турската компанија Чагатај Кабло отвора нов погон во Бунарџин
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги наруши меѓународните позиции и ја понижи Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Институциите успешно се справуваат со пожари
-
СДСМ обвинува за нови тендерски мрежи на владата