Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија

Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“ во Србија, бил приведен во текот на ноќта по полицискиот претрес во просториите на банката, кој траел повеќе од 30 часа, објави српскиот портал Нова.
Претресот започнал во саботата, истиот ден кога Народната банка на Србија ѝ ја одзела дозволата за работа на банката, по што бил прогласен и стечај. Засега не се познати причините за приведувањето, ниту евентуалните сомневања против Мацура.
Покрај „Алта банка“ и „Алта лизинг“, Мацура поседува или контролира бројни компании од различни сектори, меѓу кои холдинг-компаниите „Алта ритеил“, „Алта груп“ и „Алта холдинг“, како и фирми од градежништвото и трговијата.
Преку „Алта ритеил“ е поврзан со компании како „Идеа маркети“, „М-профил“, „Супер картика“, „Ена фрут“ и „мСтарт бизнис солушнс“. Преку „Алта груп“, пак, поседува удел во „Алта голд“ и 51 отсто од компанијата „Прокупак“.
Ново на Сител
-

Четврти потврден случај со морбили во Македонија – Се проверува дали се поврзани
-

Нова метода за Паркинсонова болест
-

СДСМ со интерпелација за Славески
-

Јотова победи на претседателските избори во Бугарија
-

Македонија и Грција со заеднички проект ја зајакнуваат итната медицинска помош
-

Сертификат за вештини стекнати без формално образование
-

Охрид ја проширува културната понуда
-

Преглед на вестите од светот
