Приведен дрвокрадец од село Мартолци, Општина Чашка

Полициски службеници од Полициско одделение Чашка вчера доцна попладне во 17:25 часот го лишиле од слобода 46-годишниот В.М. од село Мартолци, Општина Чашка.
Како што информира попладнево од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска, тој бил забележан во атар на село Мартолци како управува трактор „имт“ без регистарски ознаки со приколка натоварена со огревно дрво. Набргу, во неговиот двор во селото било констатирано дека дрвата се без документација, по што дрвата, тракторот и приколката му биле одземени и предадени на Шумска полиција Велес.
Увид извршила увидна екипа од СВР Велес, а В.М. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава најавија од СВР Велес.
МИА
Ново на Сител
-

Пораки од државниот врв
-

Внимавајте со храната и алкохолот за новогодишната ноќ
-

Половина буџет оди во чинија: Македонецот изел 170 килограми леб, а само килограм и пол цреши
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
