Македонија
17. August 2025 - 13:02

Приведен скопјанец, возел со 3,30 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка

На 17.08.2025 околу 00:45 часот на  ул. „Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С. (49) од Скопје, затоа што при вршење на увид на сообраќајна несреќа во која тој учествувал со патничко возило „форд“ со скопски регистарски таблици, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,30 промили алкохол во крвта.