-->
-->
Приведен вевчанец, пукал со пушка во домашни кучиња
-->
Шеесет и седум годишен вевчанец синоќа бил приведен во полиција поради пукање со воздушна пушка кон кучиња, домашни миленици.
СВР Охрид денеска соопшти дека пушката била одземена, а по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта, синоќа во 20 часот и 30 минути во Вевчани, од слобода го лишија П.П.(67) од Вевчани. Тој се сомничи дека околу 18 часот, со воздушна пушка пукал кон кучиња, домашни миленици сопственост на Г.М. од Вевчани, кои на улица биле во придружба на сопственикот, информира портпаролот Стефан Димоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
-

Младите од Црвениот крст во Струмица со мали проекти поттикнуваат хумани дела
-

Мицкоски во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
