Македонија
19. December 2022 - 16:36

Приведен возачот кој усмрти 11 годишно девојче на пешачки во Велес

Полицијата го пронајде возачот на „мерцедесот”кој во саботата ја усмрти на пешачки премин во Велес 11 годишната Магдалена. Според извори на Сител 29 годишниот возач А.Н не бил сам во автомобилот кога се случил настанот, па уште во текот на вчерашниот ден полицијата ги спровела во станица останатите кои биле во возилото да дадат изјави, а возачот бил баран по места каде најчество се движел или имал родндини и пријатели.

Од МВР само испратија кратко соопштение дека возачот е лишен од слобода претпладнево, но без конкретни детали каде се криел, но и каде бил пронајден.

„Лицето е приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.“- соопштија од МВР.

Според адвокатот Јанаки Митровски, возачот поради стореното дело со смртни последици, но и тоа што избегал од местото, би се соочил со казна затвор од 4 до 20 години.

29 годишниот А.Н од полициска станица треба да биде спорведен пред обинител, па потоа и пред судот кој треба да одлучи дали ќе му се одреди мерка притвор. Допрва ќе се утврдува со која брзина управувал со возилото, дали бил под дејство на недозволени супстанци и со колкава казна ќе се соочи.