Приведен жител на неготинско Пепелиште, алкохолизиран и со забрана за управување возило удрил во пешак

Жител на неготинското село Пепелиште бил лишен од слобода, откако возејќи под дејство на алкохол и со мерка забрана за управување, удрил во пешак во селото, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Вчера во 14 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишија од слобода Л.Д., 55-годишник од село Пепелиште. Тој управувајќи патничко возило „југо“ со неготински регистарски ознаки, удрил во пешакот Р.М., на возраст од 62 години од истото село, кој се здобил со телесни повреди, констатирани во Итна медицинска помош - Неготино, појаснија од СВР - Велес.
Како што информираа оттаму, по преземени мерки и извршени проверки, констатирано било дека Л.Д. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.76 промили алкохол во крвта и возилото го управувал со активна забрана за управување возило.
- По насоки од јавен обвинител, тој бил задржан во полициска станица. Возилото било одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додадоа од СВР - Велес.
МИА
Ново на Сител
-

Заврши втората сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Конфликтите го менуваат туризмот
-

Главна дестинација за прилепчани за Велигден и понатаму е дома, но се зголемува бројот и на оние кои патуваат во странство
-

Штипска модуларна повторно во функција, но со друга намена
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
