Приведена 30-годишна жена по пукање врз луксузната вила на Ријана во Лос Анџелес

Домот на светската музичка ѕвезда Ријана во Беверли Хилс вчера беше цел на вооружен напад, додека пејачката престојувала на имотот, пренесуваат американските медиуми.
Според полицијата во Лос Анџелес (LAPD), инцидентот се случил околу 13:20 часот по локално време. Осомничена 30-годишна жена, чиј идентитет сè уште не е објавен, наводно пукала од возило во движење кон влезот на имотот на пејачката.
Локалните медиуми, вклучувајќи ги „Лос Анџелес Тајмс“ и „NBC4“, повикувајќи се на полициски извори, известија дека биле испукани помеѓу седум и десет куршуми. Еден од проектилите го пробил ѕидот на куќата. Полицијата реагирала веднаш по пријавата и успеала да ја приведе осомничената жена кратко по нападот.
Ријана била во куќата во моментот на пукањето, и при тоа не е повредена. Засега нема официјална потврда дали во тие моменти со неа биле нејзиниот партнер, раперот Ејсап Роки (A$AP Rocky), и нивните две деца.
Луксузната вила каде што живее пејачката се наоѓа во елитната населба Беверли Крест во Лос Анџелес. Ријана го купи овој имот во 2021 година за сума од 13,8 милиони долари.
Полицијата соопшти дека истрагата е во тек и се работи на утврдување на мотивот за нападот. Дополнителни детали за напаѓачката и евентуалната поврзаност со пејачката се очекуваат во текот на денот.
Ново на Сител
-

Продолжи судењето за „Пулс“
-

Седница на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата
-

Беровскиот компир скапува во подрумите, земјоделците најавуваат протести
-

Мис Стон добива спомен соба во Василево, а патеката по која се движела ќе привлекува туристи
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток: Каква е безбедносната закана за Македонија?
-

Започна судењето на 75 годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепо убиство во Штип
-

Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец ширел омраза на ФБ кон македонската држава
