Приведени 8 возачи во изминатото деноноќие, 6 возачи управувале возило без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, шест управувале возило без положен возачки испит и тоа: Б.Р.(36) од с.Слатино, тетовско, З.С.(34) од Кичево, 40-годишната Д.Т. од с.Миравци, гевгелиско, Е.Б.(24) и двајца 17-годишници, сите од Скопје.
Додека, пак, со 14-годишник од Велес, во присуство на родител бил извршен службен разговор поради тоа што управувал мопед без возачка дозвола. В.К.(44) од Скопје и Н.С.(26) од Охрид управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Ново на Сител
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието - пратеници реагираат дека министрите не присуствуваат
-

СДСМ поднесува кривични пријави за Алта Банка
-

ДУИ најавува тужби ако ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ во рок од 24 часа не се извинат
-

ВРЕДИ: Функционери на ДУИ директно соработувале со српските центри за моќ
-

Новата шефица на ОЈО ГОКК Искра Хаџи Василева даде свечена заклетва
-

Нов тренинг центар за безбедна храна во светиниколско Амзабегово
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Опозицијата точно знаела кој е Давор Мацура
