Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија Паунов“ во Кочани по што вечерта биле приведени.
- Вчера (15.08.2026) во 19:15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги привеле Ж.В.(22), Ј.В.(19) и М.В.(47), сите од Кочани, како и И.А.(46) од село Баница, струмичко. Лицата биле приведени затоа што по претходна расправија на ул. „Тодосија Паунов“ во Кочани го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале шест лица, информира Министерството за внатрешни работи.
По преземените мерки и целосно документирање на настанот, против лицата биле поднесени соодветни поднесоци.
За целосно расчистување на настанот и утврдување на сите околности и евентуални пропусти при постапувањето, ќе бидат вклучени Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и Одделот за униформирана полиција, велат од МВР.
МИА
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
