Приведени четири странски државјанки во Гостивар поради злоупотреба на туристичкиот престој
Во рамки на акциска контрола спроведена од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар, во ноќен клуб на улица „Илинденска“, сопственост на Ј.А. (49) од Гостивар, биле приведени четири странски државјанки поради злоупотреба на туристичкиот престој.
Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, контролата била извршена на 30 јули, во периодот од 01:05 до 02:10 часот, при што во објектот биле затекнати вкупно 15 женски лица – 11 македонски државјанки и четири странски државјанки, на возраст од 31 до 42 години, од Србија и Украина.
Странските државјанки биле лишени од слобода и задржани во полициска станица за понатамошна постапка. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци согласно законските прописи.
Ново на Сител
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
-
Што одлучи Советот за безбедност?
-
Трамп ја преполови царината за Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат за градоначалник и во Кичево - во тимот на Орце Ѓорѓиевски влезе и Ралев
-
10-тина млади лица добија државна субвенција за воздухопловна обука