Приведени две лица од Дебар, предизвикале пожар на отворено
Полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност - Дебар лишила од слобода двајца жители на градот поради предизвикување пожар.
-Синоќа во 21:30 и во 23:15 часот во Дебар, полициските службеници ги лишија од слобода М.Ф.(41) и А.Р.(38), двајцата од Дебар. Тие се сомничат дека заедно со уште едно лице околу 19:30 часот предизвикале пожар на стрниште во Градскиот парк во Дебар, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи - Охрид.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на третото лице.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 288 од Кривичниот законик.
Ова е последователен ваков случај. Претходно беа лишени од слобода жител на Дебар, на село Рајчица и жителка на Долно Косоврасти под истото сомнение.
МИА
Ново на Сител
-
Под ингеренции на МОН, од годинава 8 регионални центри за стручно образование и обука
-
Бројот на првачиња во Струмица намален за 10%
-
Митевски: Работиме на решение за Вардариште
-
Шукова: Вардариште ќе остане депонија
-
Охрид треба да привлекува туристи со своето природно и културно наследство, а не со езерски туризам
-
Преглед на вестите од светот
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?