Приведени две лица, управувале возила под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни незгоди
На 14.08.2025 во 23:51 часот во Битола, полициски службеници од ПС за БПС Битола го лишиле од слобода Г.Г. (50) од Битола. При вршење увид на сообраќајна незгода во која учествувал Г.Г. управувајќи патничко возило „опел” со битолски регистарски ознаки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,15 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило”.
Денеска (15.08.2025) во 00:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Ј.(49) од Скопје. При вршење увид на сообраќајна незгода на ул. „Коце Металец“ во Скопје, во која учествувал М.Ј. управувајќи патничко возило „цитроен” со скопски регистарски ознаки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,36 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило”.
Ново на Сител
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина и Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска
-
И годинава ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа
-
Македонија шеста во светот по странски инвестиции според големината на економијата
-
Премиерот најави казни против маркетите и мерки кај услугите
-
Муцунски: Каква и да е одлуката на Уставен, нема да влијае на преговарачката рамка