Приведени три лица за управување возило под дејство на алкохол

На 22.08.2025 во 22:50 часот на крстосница од ул.„Народна револуција“ и ул.„Тоде Думба“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Ј.(44) од с.Биљановце, кумановско. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „Цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,96 промили алкохол во крвта.
На 23.08.2025 во 02:59 часот на ул.„Ленинова“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.М.(51) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „Ауди“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,04 промили алкохол во крвта.
На 22.08.2025 во 21:10 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Е.Д.(47) од Кочани. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле возило кое го управувал Е.Д. и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,59 промили алкохол во крвта.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“.
Ново на Сител
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
-

Новогодишно украсување: Штипјани најскапо ги чинело, а една фирма добила скоро 80% од тендерите
-

Објавен е огласот за нов републички јавен обвинител
-

Преглед на вестите од светот
-

Лидерска средба за реформски закони и укинување на техничка влада, само СДСМ не присуствува
-

Македонија ќе се задолжи со нови 1 милијарда евра, издадени две еврообврзници
-

Струмичката епархија и годинава ги изнесе моштите на Свети Василиј Велики на поклонение пред верниците
