Приведените за грабежот на банка во Скопје се уште во полициска станица
Двајцата приведени за вчершниот грабеж во Уни банка, се уште се на распит во полиција, но за нив, МВР засега нема поднесено кривични пријави. Од јавното обвинителство велат, се собирале докази, ама немале потврда од полицијата дека осомничените стојат зад разбојништвото.
„Министерството за внатрешни работи се уште постапува за утврдување на идентитет на евентуални сторители. До овој момент, до Обвинителството не е поднесена пријава против лица за кои постои основано сомнение дека го извршиле грабежот“, велат од ОЈО.
Според непотврдени информации, еден од приведените е полицаец од Сарај.. Вториот осомничен очекувал да замине во затвор поради трговија со дрога.. Признал вина па судот го казнил со четири години затвор, а му одредил и куќен притвор контролиран од полицијата во Сарај.. По вчерашниот настан, од судот велат дека лицето ќе оди во затворот во Шутка.
„Согласно решението, надзорот го спроведува МВР Полициска станица Сарај. Во случај осуденото лице да не се придржува до забраната за напуштање на домот, како во конкретниот случај, Кривичниот совет донесе решение со кое мерката куќен е заменета со мерка притвор“, велат од Основен Кривичен суд – Скопје.
Оружениот грабеж на банката се случи вчера напладне.. Учествувале три лица кои бегајќи со парите испукале и еден куршум.. Засега нема инфорамции со колкав плен заминале од експозитурата.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
