Пробив во податоците: ФБИ истражува напад врз информациските системи на Универзитетот на Пенсилванија

Универзитетот на Пенсилванија соопшти дека се обратил до Федералното истражно биро (ФБИ), откако до негови поранешни студенти и донатори биле испратени навредливи пораки преку електронска пошта.
Во изјавата на универзитетот се вели дека пробивот во базата на податоци ги погодил „избраните информациски системи“.
„Соработуваме со органите за спроведување на законот и други технички ресурси од трети страни за да го решиме проблемот што е можно побрзо“, се вели во денешното соопштение на универзитетот.
Електронската порака испратена до поранешни студенти минатиот петок, покажува дека некој, претставувајќи се како припадник на универзитетот, ја критикува институцијата како „елитистичка“, „невистинита“ и „целосно незаслужна“, користејќи и други, погруби изрази за опишување на персоналот и студентите.
Веб-страницата „Блипинг компјутер“ (Bleeping Computer), која се занимава главно со кибербезбедност, цитира непознато лице или организација, идентификувана само како „хакер“, која соопштува дека пробивот открил податоци за 1,2 милиони поранешни студенти и донатори на Универзитетот на Пенсилванија.
МИА
Ново на Сител
-

Дали Охрид ќе остане на листата светско наследство на УНЕСКО - владина делегација на средби во Париз
-

Преглед на вестите од светот
-

Со „Безбеден град“ ќе се намалат прекршоците
-

209 милиони денари за изградба на дом за стари лица во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
