Продолжува големата еко-акција за чистење на Скопје

Големата еко-акција за чистење на јавните површини во сите скопски општини продолжува денеска со почеток во 11 часот, во која, според најавата на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ќе учествуваат илјадници волонтери на повеќе од 50 локации.
Ѓорѓиевски преку објава на Фејсбук ги повика скопјани да се приклучат на акцијата, во рамки на која ќе се чистат паркови, улици, пешачки патеки и простори меѓу зградите.
„Силата на Скопје е во неговите луѓе. Во рацете што чистат и во решителноста зад себе да оставиме поубав град!“, наведува Ѓорѓиевски.
Тој посочува дека за точните локации и начинот на приклучување граѓаните можат да се информираат во своите општини.
Градоначалникот нагласува дека, покрај обврската на институциите да обезбедат редовна чистота, одговорност за одржување на градот имаат и граѓаните.
„Оние што создаваат депонии мора да понесат одговорност. Нечија несовесност не смее да го поништува трудот на илјадници луѓе!“, порачува Ѓорѓиевски.
Тој ги повика граѓаните заеднички да придонесат за почиста животна средина, нагласувајќи дека целта е да останат чисти маалата и пример што ќе го следат и помладите генерации.
МИА
Ново на Сител
-

Надзорна расправа за работењето на Алта банка
-

Здравствените домови во Југоистокот добиваат нова опрема и амбулантни возила
-

Старите занаети изумираат
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
-

Почна расправата за Законот за јавни набавки
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Над 30 члена брои листата поканети говорници на надзорната комисија за Алта банка
