Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“

Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
Случајот го води судијката Дијана Груевска-Илиевски и се наоѓа во доказна постапка, а на денешното рочиште, како што е најавено, треба да бидат сослушани пет сведоци.
На претходното рочиште пред Судот беа сослушани повеќе сведоци. Сведокот Горан Игновски, кој повеќе од 34 години работи со продажба и сервис на опрема за изнајмување за настани - озвучување, осветлување и сценски ефкети, изјави дека година и половина пред трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани им продал опрема (бокс за далечинска активација) и прскалки на Панчо и член од ДНК.
Вработена во сметководствено биро кое соработувало со Агенцијата за обезбедување Рубикон, сведочеше дека никогаш не сретнала некаков материјален документ дека помеѓу Пулс и Рубикон постола деловна соработка.
Вработена во подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување во Кочани, изјави дека во врска со дискотеката „Пулс“ не добила никаква документација, како и дека подрачното одделение Кочани нема инспектор за заштита и спасување
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Со денешното рочиште продолжува доказната постапка со изведување сведоци на предлог на Обвинителството – кое го застапува тим од 15 јавни обвинители.
МИА
Ново на Сител
-

Евакуирани 150 патници од Дубаи, до крајот на неделата уште три авиони од Блискиот Исток
-

Синот на Али Хамнеи - Моџтаба, избран за нов врховен лидер на Иран
-

СДСМ: Mицкоски ги лаже граѓаните
-

Депонијата Буково го вклучи алармот
-

150 македонски државјани се вратија од Дубаи
-

Тема на денот со Назим Рашиди, новинар
-

„Нема да не снема“: Осмомартовски марш против насилството врз жените
-

Над 270 инспекции на бензинските пумпи – Привремен недостиг на гориво на дваесетина станици
