Македонија
11. April 2022 - 16:43
Професорите и наставниците во струмичко радовишкиот регион се појавија на работните места, но не одржаа настава
Професорите и наставниците во струмичко радовишкиот регион се појавија на работните места, но никој од нив не одржа настава.
За разлика од средните и основните училишта состојбата во градинките е поинаква. Дел од нив и денеска вршеле прием на деца и покрај тоа што претходно се изјасниле за организирање на штрајкот.
Во основните и средните училишта како и градинките во регионот на Струмица и Радовиш има околу 3000 вработени. Од нив околу 1500 се членови на СОНК.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->