Професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка е суспендиран и ДПИ постапува, вели Јаневска

Професорот од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, против кого имаше пријава за сексуално вознемирување ученичка, е суспендиран. Ова денеска го изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
- Државниот просветен инспекторат постапува. Пријавен е во полицијата - истакна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање по презентацијата на резултатите од истражувањето „Анализа на финансиската писменост во основното образование“.
На 9.3.2026, во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 52-годишен маж од Скопје, наставник во средно училиште на подрачјето на Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25.2.2026 до 2.3.2026 вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава - информираа од МВР.
Судија на претходна постапка одредил мерки на претпазливост - одземање патна исправа, забрана за определни работни активности поврзани со кривичното дело и забрана за приближување на професорот од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, кој е осомничен за кривично дело сексуално вознемирување врз своја ученичка, информираа од Основниот кривичен суд Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Комеморативна седница во Собранието
-

Евакуирана трета група Македонци од Блискиот Исток
-

Лекарите трпат насилство, а ретко пријавуваат
-

Цените на такси услугите во Штип остануваат непроменети
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот по средбата со маркетите: Нема основа за зголемување на цените
-

Tема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенција за иселеништво
