Производителите на праз се незадоволни, трошоците за производство растат, а цената е иста
Ниски откупни цени и слаб пласман, ова се проблемте со кои се соочија производителите на праз од општина Василево уште на самиот старт од сезоната. Се жалат на високи трошоци за производство кои секојдневно растат и ниска цената продажна цена која со години останала непроменета. Поради ова голем број земјоделци решиле да ги намалат површините. Решението го гледаат во изградба на откупни и производствени капацитети.
Со цел да го промовира производството на оваа култура општина Василево и годинава ја организираше манифестација посветена на празот. Градоначалникот Славе Андонов вели ова бил само еден од начините преку кој локалната самоуправа им дава поддршка на производителите. За потенцијалните инвеститори веќе имале подготвени локации во индустриската зона.
Општина Василево важи за еден од најголемите производители на праз во Југоисточниот дел од државата. Во просек секоја година оваа култура се сади на околу 50 хектари во неколку населени места.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар