Бизнис
28. February 2024 - 16:42

Производителите нема да ги зголемат цените, трговците да покажат морал да не ги качат маржите

Производителиите ќе доставуваат по исти цени, продажната сепак, ќе зависи од трговците. Владата  бара  етичко и морално однесување од нив. Да не билдаат енормни профити, туку да ставаат разумни маржи. Прехранбените  производи  чии цени беа замрзнати нема да поскапат, велат производителите, со исклучок за мал дел производи каде цената ќе се покачи за неколку денари. Сигурно е дека лебот, млекото и млечни производи како и сувомеснатите ќе се продаваат по стари цени, но најголем удел ќе имаат маржите на трговците.  

Нема да има голема флуктуација на цените. Генарално цените ќе останат исти, затоа што се стабилизирани цените на суровините. Но дел, односно сегмент на производи, чии производители работеа со загуба, додека цените им беа замрзнати,  ќе има благо зголемување на цените, вели Горан Георгиевски, пекарска индустрија

Секое зголемување на цените надвор од пазарната логика ќе се санкционира, најавува власта. Трудовите и пазарни инспектори од 1 март ќе бидат на терен. Вицепремиерот Битиќи смета дека лекцијата од минатото ја научиле, а времето на оргомните заработки треба да заврши.

Ние сметаме дека лекцијата е научена, дека во државата освен правење бизнис и креирање профит мора да има морал и етика и кај компаниите. И 5 и 10 отсто е општо прифатливо. Да не се случи да имаме макарони со 72 отсто маржа на добивка како што имавме случаеви со други производи“, изјави Фатмир Битикќи, вицепремиер за економски прашања.

Вицепремиерот ги повика Антимонополската Комисија и Организацијата за заштита на потрошувачите, да постапуват согласно надлежностите кои ги имаат.  

Спасот од неразумните маржи, работи и попусти кои трговците ги бараат, производителите и власта се надеваат дека ќе се реши со законот за нефер трговски практики.