Македонија
12. March 2023 - 16:31

Производителите се жалат на ниски откупни цени на раноградинарските култури

Бербата на оранжериското производство во струмичко само што започна, а кај земјоделците веќе се јавија проблеми. Уште на самиот старт тие се соочиле со ниски откупни цени и отежнат пласман.Производителите на лута пиперка од Банско се жалат дека трошоците за производство им биле неколкукратно зголемени, а цените пониски од лани.

За раноградинарите  еден од главните проблеми е производството од увоз. Не се против увозот, но сметаат дека државата треба да најде начин прво да го заштити домашното производство ,a со самото тоа и производители чија бројка секоја година е се помала.

Лутата пиперка во Банско е застапена на површина од околу 50 хектари од кои егзистираат близу 200 домаќинства.