Промени во начинот на работење на Националната служба за разузнавање на Грција
Назначување на директорот по мислење дадено од надлежната комисија во Парламентот и законско следње на лица по одобрување и од втор обвинител, се двете промени што ги содржат „итните одредби за зајакнување на интегритетот на работењето на Националната служба за разузнавање на Грција“, вклучени во претседателскиот декрет, јави дописничката на МИА од Атина.
Законскиот акт потпишан од претседателката на Грција, а по предлог од Владата доцна синоќа беше објавен во Службен весник на Грција.
Предвидува, како и досега, директорот на службата да се именува и разрешува слободно со одлука на надлежниот член на Владата, додека пак со промените, назначувањето „се врши по мислење на надлежната комисија на Собранието, согласно одредбите од деловникот“.
Втората промена, односно вториот член во законскиот акт се однесува на одобрувањето за декласификација на комуникациите од Националната разузнавачка служба.
По наредба на јавниот обвинител согласно одредбите од постоечкиот закон, „декласифицирање писма и телефонски или други комуникации, како и евидентирање на активноста на лица со специјални технички средства, а особено со аудио и видео уреди надвор од местото на живеење“, се врши откако оваа одредба се доставува на одобрување во рок од 24 часа до втор обвинител.
Промените во Националната служба за разузнавање на Грција (ЕИП) ги најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во понеделникот, откако беше откриено дека лидерот на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис, три месеци законски бил следен од ЕИП, но според Мицотакис, без да биден информирана Владата.
Ново на Сител
-
Сител сторија: Дивите депонии во Преспа го загрозуваат здравјето на жителите – како до решение?
-
М. Брод останува една од најеколошките општини - повторно целосно возобновена пречистителната станица
-
Доцнат дрвата за огрев за штипските пензионери
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив