Променливо облачно и посвежо време

Времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо. Во западните делови повремено ќе има локални врнежи од дожд. Поради продор на постуден воздух од север, на планините врнежите на места ќе преминуваат во снег, а на повисоките подрачја ќе има мешани врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од источен и југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 0 до 6, а максималната од 8 до 14 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, со услови за слаб дожд во одделни делови од котлината. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, поизразен претпладне. Минималната температура ќе се спушти до околу 4, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Во наредните денови времето ќе остане променливо облачно и посвежо. Во четврток се очекуваат повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови. На планините и на повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен, а наместа повремено засилен ветер од североисточен правец. Од петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно и суво време.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов
-

Премиерот Мицкоски на Самит на Берлински процес во Црна Гора
-

СДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати, граѓаните тонат во сиромаштија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5%
-

Собраниска дебата за измени на Законот за Народен правобранител
-

Се засилува заштитата на јагулата
-

Преглед на вестите од светот
