Променливо облачно и ветровито
Променливо облачно време со сончеви преиоди, свежо и ветровито, најавува за денеска Управата за хидрометеоролошки работи. Во западните планинските региони ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието повремено силен северен ветер со брзина од 60 km/h.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 16 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, свежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 22 степена.
До крајот на седмицата ќе преовладува променливо облачно и свежо време со ниски утрински температури. Во петок попладне, во текот на ноќта и во сабота повторно се очекуваат врнежи од дожд, локално пообилни
МИА
Ново на Сител
-

Швајцарскиот премиер за надворешни работи во Скопје
-

Врнежите ги подобрија условите за есенската сеидба во Овче Поле
-

Преглед на вестите од светот
-

Ученик активирал солзавец за време на час
-

Teма на денот со Тимчо Муцунски
-

Рокас: Овој извештај е подобар од претходниот, Мицкоски бара фер европски процес
-

МВР: Првата пријава за насилство од 17-годишната девојка од Богданци била на 30 септември
-

Рокас: Овој извештај е подобар од претходниот, Мицкоски бара фер европски процес
