Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, а попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки раобтии (УХМР), во текот на седмицава ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. До среда ќе има локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од четврток и во деновите потоа ќе има стабилизирање на времето.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
