Пронајден возачот кој во Скопје со „фиат” удри во тротинет
Министерството за внатрешни работи соопшти дека е пронајден возачот кој денеска во Скопје со „фиат“ удри во тротинет управуван од 28 - годишен скопјанец, по што го напуштил местото на несреќата. Во сообраќајката мажот што го управувал тротинетот се здобил со тешки телесни повреди, а по укажаната итна медицинска помош бил пренесен на скопските клиники.
Како што се наведува во соопштението, денеска во 11.53 часот во СВР Скопје е пријавено дека се случила сообраќајна несреќа на ул. “Менделеева” во Скопје, во која учествувале патничко возило “фиат” со скопски регистарски таблици, управувано од С.А. (33) од Скопје и електричен тротинет, управуван од С.К. (28) од Скопје. По несреќата, С.А. со возилото го напуштил местото на настанот, а С.К. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во КЦ “Мајка Тереза”, каде му се констатирани тешки телесни повреди.
-Додека траел увидот од страна на полициски службеници од СВР Скопје, на местото на настанот дошол А.А. со возилото “фиат” и појаснил дека возилото во моментот на несреќата го управувал неговиот брат С.А.. Подоцна С.А. е пронајден, известен е јавен обвинител и по негови насоки возилото е одземено за технички преглед, а против С.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Изет Меџити му чува место на Тачи за влез во Владата
-
Државата бара банки кои би ја финансирале изградбата на брзата пруга
-
Специјализации да се даваат по потреба, а не по желба за да немаме недостиг од одредени специјалности
-
Иран жестоко го нападна Тел Авив, Израел најавува одмазда
-
Левица инсистира на надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани
-
Европскиот фронт смета дека треба да разговара за одговорност за трагедијата во Кочани
-
Земјотрес во Охрид и околината
-
Оружјето низ историјата-раритетна изложба во штипски „Безистен“