Македонија
18. December 2023 - 16:41

„Пронајди ме“, во функција е страната за исчезнати деца

Во автобуси, такси возила, банки, ресторани, хотели и на сите медиуми од сега ќе се известува за исчезнати лица. Проработе системот „Најди ме“ преку кој веднаш ќе се активираат сите надлежни а и граѓаните ќе добијат информација доколку се трага по некого. Веб страната најдиме.орг.мк се активира по убиството на 14 г. Вања по кое цела недела се трагаше. На овој веб сајт секој и од секаде може да пријави исчезнато лице а потоа администраторите ги проверуваат податоците по што се алармира јавно.

Овој проект кој е во организација на  Новинари за човекови права со помош на  ЕКПАТ-Австрија опфаќа и маргинализирани групи, деца роми и деца кои се од социјално загрозени семејства. Министерот за образование во насока на навремено информирање за тоа дали децата се на училиште рече дека ќе има  новини во е-дневникот.

Систем за рано предупредување за исчезнати лица функционира во  Србија каде критериумите се детето да е малолетно, потврда од полицијата дека со  алармот нема да му се загрози животот. Слично функционира и американскиот „Амбер алерт“ кој постои од 1996та година.