Македонија
26. April 2022 - 21:09

Пропадна протестот на КСС

Судиите нема да излезат на предупредувачки протест во четврток. 

Здружението на судии во писмено соопштение информира дека бил постигнат договор со Владата за подобрување на материјалниот статус на судиите. Бараа зголемување на платите за 15 проценти.

„Од страна на Владата се преземени конкретни чекори, што се однесуваат на веќе договорените Измени на Законот за платите на судиите, а во однос на зголемувањето на коефицинетот за пресметка на платите на судиите од 15 %“ , информира Здружението на судии.

Дополнително, очекуваат дека измените за платите на судиите, за кратко ќе се најдат и пред пратениците, но не подоцна од 30 јуни како што бараа со најавата за предупредувачки протест.

Денеска пак, пропадна протестот на Конфедерацијата на слободни синдикати кој требаше да се одржи пред Собранието и владата. Лидерот обвини дека членството не излегло на протест заради притисоци.

Од Конфедерациајта на слободни синдикати велат дека со протестот сакале да побараат усогласување на платите во јавниот сектор со минималната која сега изнесувала 18 илјади денари.

Протестот за зголемување на платите во јавниот сектор беше најавен дека ќе одржува до петок.