Просечната работна недела во ЕУ е 35,9 часа, во Македонија 39,5

Во 2025 година, вистинското работно време на работниците со полно и скратено работно време во ЕУ на возраст од 20 до 64 години во просек изнесувало 35,9 часа, што е намалување од еден час во однос на 2015 година, објави Евростат. Во Македонија, пак, вистинското неделно работно време било 39,5 часа.
Од земјите во нашето соседство, според достапните податоци на Евростат, подолга работна недела има во Србија 41,3 часа и во Босна и Хдрцеговина 41,1, а пократка во Хрватска 37.8.

Во ЕУ најдолги работни недели има во Грција 39,6 часа, во Бугарија и Полска по 38,7 и во Литванија 38,4. Спротивно на тоа, Холандија има најкратка работна недела 31,9 часа, по што следуваат Данска и Германија со по 33,9 и Австрија со 34,0.
Занимањата со најдолга работна недела во ЕУ биле квалификувани земјоделски, шумарски и рибарски работници (42,0 работни часови), менаџери (40,6) и занимања во вооружените сили (39,4). Спротивно на тоа, најкратките работни недели се забележани во елементарните занимања (31,8), помошни работници (34,0) и услужни и продажни работници (34,5).
МИА
Ново на Сител
-

САД и Ирак потпишаа 48 договори, главно во енергетскиот сектор
-

Илјадници луѓе без вода за пиење во Иран по американските напади
-

Инфантино: Светско првенство 2026 е најдобро во историјата
-

Во угостителски објекти во Тетово пронајдени дрога и ладно оружје
-

Приведена жена во Гевгелија, од вработена во болницата украла телефон
-

Реставрирани уште две скапоцени дела од Бигорската ризница
-

По случувањата во Гостивар, министерот Клековски во посета на Општата болница
-

Повеќе од 100 куќи уништени во пожар во Норвешка
