Простување од Иле, возачот на Итна помош

Денеска на социјалните мрежи од возачот на Брза помош, Илчо Гоцевски, се простуваа негови познаници.
Во една изјава на Фејсбук пишува:
„Денес се простивме од ИЛЧО ГОЦЕВСКИ, ЧОВЕК ПЛАНИНА, кој со своето незапаметено херојство помагаше и во пронаоѓање и препознавање на изгорените деца, како и транспортирање на истите до одредена дестинација.
За него, негов близок пријател од Ѕвегор денес за delcevo365.mk кажа:
-Денеска беше погребан Илчо Гоцевски од Звегор, Делчево, со живеалиште во Кочани.
Тој беше херојот на транспортот на повредените деца од фамозната НЕ ДИСКОТЕКА. 11 пати имаше отидено за Скопје во кобниот ден. Помагаше и во пронаоѓање и препознавање на изгорените деца, како и транспортирање на истите до одредена дестинација. Денеска немаше никој што да каже за човекот, кој после 32 часа работа, заспа од умор и никогаш не се разбуди".
Што и да кажеме за нашиот ХЕРОЈ малку е....Она што може да направиме е да помогнеме на семејството да ја надминат оваа загуба со оставање лична донација на следниот линк:
Ново на Сител
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
-

Откриена голема римска бања кај прилепскиот локалитет „Долиште“ - кој антички град се крие тука?
-

21 јуни - Денот на охридското езеро
