Македонија
24. May 2023 - 16:31

Просветните работници на протест

Кажи Не на уништувањето на Географијата, таа е клучот на нашата иднина – ова беа дел од пораките кои ги испратија просветните работници од денешниот протестен марш кој заврши пред Министерството за образование. Велат, спојувањето предмети предизвикува непоправлива штета во образовниот процес.

Според Независниот синдикат на образованието, новиот концепт за наставните програми по Историја, Географија, Физика, Биологија води кон отпуштање на наставниците.. Тие тврдат дека е невозможно да предаваат материјал за кој немаат познавања.

Со протестот се бараат и повисоки плати. Велат, најниската сега е 12 илјади денари, или речиси двојно пониска од минималната.

Од независниот синдикат велат дека иако до сега 10 пати барале средба со министерот Јетон Шќири, тој досега не ги повикал на разговор. Се заканија со штрајк ако нема зголемување на платите и продолжи спроведувањето на планот за спојување на предметите.