Протест на лицата со попреченост - 30 години заборавени, неразбрани и неприфатени
И по три децении од независноста, за институциите сме заборавени. Лицата со попреченост велат дека државата цели 30 години останала глува за нивните барања.
Државата има добиено указ од ОН каде што лицата со попреченост се маргинализирани и дека во категоријата на лицата со попречености, ништо до сега не е направено. Кај нас лицата со попреченост овие 30 години ќе останат во нашата меморија како заборавени, неразбрани и неприфатени или помножени со нулата“, изјави Суарет Алиша, Коалиција „Менуваме“.
„Заборавени, неразбрани, неприфатени“ е мотото со кое коалицијата „Менуваме“ ја потсетува државата дека и по 30 години, лицата со попреченост немаат еднакви права.. Последниот, како што велат, крик до властите, го испратија вечерва од пред владата.. Бараат покачување на додатокот за попреченост, посебниот детски додаток, полесен пристап до медицински и ортопетски помагала.
„Со 7 илјади денари, кажете ми, лице со попреченост, дали он може да ги задоволи своите потреби? Каде се неговите медикаментски потреби. Пола и повеќе лекови, верувајте дека не се ставени во листата на нашето здравство, ги нема!“, вели Алиша.
Незадоволни од постапувањето на институциите во изминатите три децении, лицата со попреченост најавија дека ќе се обратат и до Европскиот суд за човекови права. Велат не ја тужиме државата, туку бараме мислење како треба да се почитуваат граѓанските права во Македонија.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
