Македонија
15. September 2023 - 16:42

Протест на семејствата на жртвите од модуларната во Тетово

Од Тетово во Скопје, семејствата на загинатите во тетовската модуларна болница протестите денеска ги преместија пред Скопското Јавно Обвинителство. И оттука бараат правда за нивните блиски кои го загубија животот на 8ми септември во тетовската модуларна болница, а никој не одговараше за нивната смрт.

Откако заврши истрагата за 14те загубени човечки животи во огнената стихија која ја зафати монтажната болница, за виновен беше прогласен кабел. 

Семејствата на загинатите бараат разрешување на републичкиот обвинител Љубомир Јовески и другите обвинители инволвирани во како што велат, прикривање на делото и да се најде виновникот за смртта на нивните блиски.

Доколку нема одговор на нивните барања, велат протестите ќе ги радикализираат. 

И минатата недела кога навршија две години од пожарот во модуларната болница, една од најголемите трагедии кои се случиле во земјава, тие со истита барања протестираа и во Тетово.

На 5 јуни оваа година, после речиси две години заврши судскиот процес на пожарот, каде за виновен беше прогласен правното лице ЈЗУ Клиничка болница за делото „предизвикување општа опасност“. Условна осуда добија обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми, кои веднаш после пожарот си дадоа неотповикливи оставки. 

Во пожарот во модуларната болница на 8ми септември во 2021 година, животот го загубија 14 лица, а 12 беа повредени.